Отворен Балкан Самит во Белград

Во рамки на саемот „Винска визија на Отворен Балкан” што се одржува во Белград, примив Голема плакета од Стопанската комора на Северна Македонија, како признание за особен придонес во креирањето и продолжувањето на регионалната иницијатива Отворен Балкан.

Благодарам на Стопанската комора за честа што ја укажа на лидерите од овие три земји за Иницијативата „Отворен Балкан”, бидејќи само заедно сплотени регионално, можеме да направиме многу повеќе за економиите на сите земји кои се дел од процесот, да обезбедиме поголема економска соработка, повеќекратно зголемување на економската размената, што ќе придонесе за побрз развој на регионот и благосостојбата за граѓаните.

Како бизнисмен ќе продолжам да ги поддржувам сите иницијативи во рамки на процесот Отворен Балкан, бидејќи истите влијаат на развојот на бизнисите, приходите во буџетите на државите, а со тоа влијаат и на економската перспектива на регионот на Западен Балкан.

Се надевам дека и останатите земји од овие простори ќе се приклучат на Иницијативата, за сите заедно да чекориме на зацртаниот пат кон Европската Унија.

Skip to content