Преку Фондацијата “Заев – Едно општество за сите” испративме 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина.
Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина.
Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, но и град од каде нашиот Крсте Петков Мисирков дејствуваше за македонските работи.
Нека биде оваа помош придонес кон заштитата на украинското население кое е под воената агресија од страна на Русија.
Поддршката на независноста и суверенитетот на Украина и осудата на руската воена инвазија е наша јасна позиција како припадници на западниот, демократски и мирољубив свет.

Skip to content