Ни беше големо задоволство да им посакаме добредојде во прекрасната Струмица на нашите драги пријатели и гости, ЕУ Амбасадорот Дејвид Гир, Амбасадорот на Република Шпанија Гарсија и делегацијата на италијанската амбасада во Северна Македонија.

Свеченоста за одбележување на Денот на пријателството меѓу Северна Македонија и Италија бeше организирана и промовирана од Здружението за промоција на италијанскиот јазик и култура „Quo Vadis Ad Astra“ од Струмица со поддршка на Амбасадата на Италија во Северна Македонија и општина Струмица.

Свеченоста беше отворена со говорот на градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов по што следеше говорот на Н.Е. Амбасадорот на Италија во Северна Македонија Андреа Силвестри. Двајцата ги истакнаа длабоките социо-културни и економски односи што ги поврзуваат двете земји.

Атракцијата „Made in Italy“ беше спектаклот на развиорените знамиња на Кастиљон Фиорентино, кои ја донесоа оваа древна средновековна традиција типична за регионите на централна Италија во Северна Македонија.

Програмата беше збогатена со настап на струмичките мажоретки, младите од студиото за модерен танц „One Way“, хорот на СОУ „Јане Сандански“ кои ја испеаја неформалната химна на Струмица „Под кулите на Струмица“ и заврши со познатата италијанска песна „Lasciatemi cantare“.

Skip to content