Отворен Балкан Самит во Белград - 2022

Благодарам на Стопанската комора за честа што ја укажа на лидерите од овие три земји за Иницијативата „Отворен Балкан”, бидејќи само заедно сплотени регионално, можеме да направиме многу повеќе за економиите на сите земји кои се дел од процесот, да обезбедиме поголема економска соработка, повеќекратно зголемување на економската размената, што ќе придонесе за побрз развој на регионот и благосостојбата за граѓаните.

-Зоран Заев

Форум на „Економист“ – Атина - 2021

Северна Македонија станува енергетски коридор за земјите од Југоисточна Европа. Договорот за изградба на интерконекторот за природен гас што денеска го потпишуваме со Грција отвора огромни можности, не само за Северна Македонија, туку и за целиот Западен Балкан и конечно ќе донесе диверзификација на природен гас.

-Зоран Заев

Стратешки Форум – Блед - 2021

„Европа е нашето семејство и очекувано е семејството да јаприфати СевернаМакедонија која е во срцето на континентот. “

-Зоран Заев

Средби – Преспа Форум Дијалог - 2021

Затоа силно тврдам дека трансатлантската врска мора да биде трансформативна, за да одговори на секој предизвик со кој сите би можеле да се соочиме во иднина. И овој одговор треба да биде едногласен, силен, стабилен, брз и одлучен.

-Зоран Заев

Самит на земјите од Западен Балкан во Тирана - 2021

„Реализацијата на проектите со поддршка на Економско-инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан обезбедува соработка и долгорочно економско закрепнување на регионот и ги забрзува интеграциските процеси. “

-Зоран Заев

Самит на ЕУ за Западен Балкан во Брдо – Крањ, Словенија - 2021

„Никој нема забелешки за реформите на Северна Македонија, граѓаните заслужуваат европска иднина. “

-Џозеп Борел, потпретседател на Европската комисија и висок претставник за надворешна политика на ЕУ

Самит за Западен Балкан – Виена - 2021

„Западен Балкан е уморен од историски недоразбирања и затоа ние како модерни политичари треба да гледаме напред и да бидеме фокусирани на решенија. Кога станува збор за Северна Македонија, со Грција покажавме дека е можно да излеземе од процес на недоразбирање како посилни пријатели. "

-Зоран Заев

Работна посета на Мадрид - 2021

Нашата економија се развива врз основа на принципот на слободни пазари и ги негува најдобрите европски и светски вредности за водење бизнис. Северна Македонија создава пријателски амбиент за странски инвестиции и тоа го потврдуваат десетици најдобри реномирани компании во светот

-Зоран Заев

Работна посета на Брисел - 2021

Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат, но преговори за македонскиот идентитет не се опција

-Зоран Заев

Работна вечера во Париз - 2021

„Посебна чест е можноста да ја оствариме оваа работна вечера во Елисејската палата. Денешната средба ги збогатува нашите пријателски билатерални врски, во годината кога одбележуваме 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Франција. “

-Зоран Заев

Примопредавање на вакцините од Република Србија - 2021

„Ова е чин на драгоцено пријателство и подадена рака! “

-Зоран Заев

Признание од Атинска комора - 2021

Искажувам голема благодарност за посветената работа на премиерот Заев и за неговите заложби за зацврстување и унапредување на економската соработка меѓу двет еземји.Ова одликување е признание за неговиот голем придонес во унапредувањет онаекономските и политичките врски меѓу Грција и СевернаМакедонија. “

-Константинос Михалос, претседател на Атинската трговско-индустриска комора

Посета на Република Турција - 2021

Вложуваме заеднички во поинтензивна соработка за да отвориме повеќе врати за турските инвеститори и за посилни трговски врски меѓу Северна Македонија и Турција

-Зоран Заев

НАТО Самит 2021 - 2021

„Ова е историски момент за мојата земја. Ова е прв самит на НАТО за Северна Македонија како полноправна членка. Тоа е исто така прв Самит за НАТО со 30 членки. Ова е голем успех и за Северна Македонија и за НАТО. “

-Зоран Заев

Економскиот форум „Делфи“ во Атина - 2021

„Нашиот регион треба да влезе во ера на соработка за просперитет на сите наши народи. Да се ​​зајакне економската соработка и инвестициите, да се зајакне довербата за унапредување на трговската соработка.

-Зоран Заев

Економски форум за регионална соработка - 2021

„Денеска, тука во Скопје, отворивме нови перспективи за нашите држави, за нашите народи, за нашите економии и за нашите општества.Балканот доволно долго беше опкружен со ѕидови. Наместо ѕидови денеска изградивме нови мостови. “

-Зоран Заев

Доделување на наградата за мир на Вестфалија - 2021

„И Алексис и јас сме целосно свесни дека ги ставивме на ризик нашите политички кариери. Оваа силна посветеност и подготвеноста да ги жртвуваме нашите политички кариери во име на иднината не поврзаа и не водеа низ процесот. Избравме решенијата да ги оставиме како траги зад нас. Решенија за нашите граѓани и нашите општества и дојдовме до решение кога сите тврдеа дека тоа е невозможно“

-Зоран Заев

Берлински процес - 2020

„Влегуваме во нова фаза на економски раст и на нашата регионална економска соработка за да се сообразиме со процесот за пристапување кон ЕУ и за нашето идно учество на единствениот пазар на ЕУ. Во овој контекст, преку воспоставување на рамка и преку дефинирање на конкретни активности во сите области на четирите слободи на ЕУ, збогатени и со дигиталниот, инвестицискиот, иновацискиот и индустрискиот столб, новиот Акциски план за заеднички регионален пазар обезбедува солидна основа во таа насока. “

-Зоран Заев

Награда за човекови права - 2020

„Тоа што премиерот Заев го направи за Северна Македонија и Европа е од исклучително значење, бидејќи неговиот придонес за човековите права, особено преку концептот ‘Едно општество за сите’, е придонес за вредностите на Европската Унија. “

-Зоран Заев

Посета на седиштето на НАТО во Брисел - 2020

„Нашите амбиции да придонесеме кон колективната безбедност го надминуваат регионалното опкружување. “

-Зоран Заев

Работна посета на Атина и Конференција Економист - 2020

„Заедно се соочуваме со истите здравствени и економски предизвици, и само заедно можеме да ги надминеме, со поблиска соработка и со поголема солидарност. Затоа треба да продолжиме да инвестираме во добрососедски односи, да ги надминуваме отворените прашања со дијалог и толеранција и да ја подобруваме регионалната соработка. “

-Зоран Заев

Апостолска посета на Папата Франциск - 2019

Оваа историска посета е огромно признание за местото што Северна Македонија го зазеде во глобалната заедница на прогресивните земји

-Зоран Заев

Виенски економски форум - 2019

„Нашата земја има позитивен импакт и на целиот регион. Република Северна Македонија и натаму ќе биде сигурна и стабилна, земја којашто се грижи и на инвеститорите им нуди соодветни услови за развивање на својот бизнис. “

-Зоран Заев

Годишно Собрание на ЕБОР во Сараево, БиХ - 2019

„Сето тоа што се случува во Република Северна Македонија после сите политички договори, дефинитивно ја става земјата во позиција да ги максимизира своите ефекти за да го забрза својот раст и развој, да ја намалиме невработеноста и да ги зголемиме платите на граѓаните. “

-Зоран Заев

Конференција за Западен Балкан во Берлин - 2019

„Северна Македонија и Договорот од Преспа се позитивен пример на Балканот и дека тој успех е охрабрување за сите земји учеснички на Конференцијата за Западен Балкан. “

-Зоран Заев

Меѓународна награда – Иса Бег Исхаковиќ - 2019

„Ова е навистина награда што ќе се памети. Овие пријателства се новата надеж на стабилност, безбедност и развој – на нашите држави, на Балканот и на Европа. Земјите на Балканот, како никогаш досега, ги предводат лидерства коишто сакаат и умеат да бидат пријатели. Се борат за доброто на своите граѓани во своите земји, но со широка свест, како никогаш досега, дека едниот оди напред, само кога и другите одат напред. “

-Зоран Заев

Обраќање на пленарната сесија на 74-тото Генерално собрание - 2019

„Денес имаме само придонеси од решената разлика. Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик, а за државјанство: македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Сега имаме исклучително добри односи со Грција, и со тоа придонесовме да зајакне регионалната стабилност и да се поттикне развојот на Западен Балкан. “

-Зоран Заев

Официјална посета на Државниот секретар на САД, Мајкл Помпео - 2019

„Како посветен стратешки партнер на САД дели заеднички заложби и вредности за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот, како и заедничките активности во борбата против тероризмот и против другите закани за мирот ширум светот, вклучувајќи и иницијативи кои се конфронтираат на дезинформациите и на заканите по демократијата. “

-Зоран Заев

Официјална посета на Премиерката на Република Србија, Брнабиќ - 2019

„Свеченото пуштање во употреба на концептот One-stop-shop значи заедничко ефикасно управување со граничните и царинските контроли за силна меѓусебна соработка и претставува лидерство во регионалното економско поврзување. “

-Зоран Заев

Официјална посета на Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли - 2019

Мораме да продолжиме, дури и посилно со реформите, со докази дека во земјата владее правото, дека имама силни аргументи за напредокот во економијата. Тие реформи ни се најпотребни заради нас, дома.

-Зоран Заев

Официјална посета на Република Чешка - 2019

Од март годинава до оваа посета денеска разменивме 5 посети од македонски и чешки највисоки претставници на двете земји, и во Северна Македонија и во Чешка. Тоа кажува многу за одличните политички односи, пријателството меѓу нашите две земји

-Зоран Заев

Официјална посета на Романија - 2019

„Честитки на премиерот Заев за неговиот придонес низ храброста и енергијата во големите процеси за Вашата држава, што претставува инспирација за целиот регион. “

-Зоран Заев

Официјална посета на Црна Гора - 2019

„Традиционалните пријателски односи меѓу двете земји имаат светла перспектива за дополнителен развој на односите на економски план. “

-Зоран Заев

Пречек на премиерот Ципрас - 2019

„Денешниот ден е историска одредница. Кога од денешна перспектива ќе погледнете во минатото на односите на нашите две земји, гледате пропуштени прилики и залудно изгубено време. Кога ќе погледнете во иднината што се отвора пред нас, гледате отворени можности и заеднички интереси. Гледате два соседни, пријателски народи, кои ѝ покажаа на Европа и на светот дека со храбри одлуки и со желба за заедништво, тоа што до вчера изгледаше невозможно, денеска е реалност “

-Зоран Заев

Прием на Неговото Височество принцот Едвард, грофот од Весекс - 2019

„Партнерството меѓу Велика Британија и Северна Македонија ќе продолжи и во иднина, во областите за кои двете земји имаат заеднички интереси. “

-Зоран Заев

Работна посета во Брисел - 2019

„Денеска го одржавме петнаесеттиот состанок на Советот за Стабилизација и асоцијација меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, во исклучително важен и историски период за нашата земја. “

-Зоран Заев

Работна средба на лидерите од Западен Балкан, Охрид - 2019

Утврдивме иницијативи и мерки за да го подобриме регионот и да направиме уште повеќе низ Берлинскиот процес за забрзување на нашето пристапување во ЕУ

-Зоран Заев

Working meeting with Austrian Chancellor Kurz in Vienna - 2019

Австрија останува силен партнер на Република Македонија која заедно со Грција ја донесе најдобрата вест за регионот и за цела Европа

-Зоран Заев

Самит 16+1 во Дубровник - 2019

„Република Северна Македонија силно ја поддржува иницијативата 16+1. Веруваме дека има огромен потенцијал за да ги унапредиме нашите партнерства, но и да креираме нов економски и бизнис потенцијал. “

-Зоран Заев

Самит за Западен Балкан – Познањ, Полска - 2019

„Сметам дека сите треба да бидеме горди на постигнатите резултати. Регионалната соработка доби нова димензија. Реализирани се мноштво на проекти и започнати се мноштво иницијативи кои треба да допринесат кон економски развој, зголемена трговска размена и меѓусебно подобро разбирање и помирување. Берлинскиот процес несомнено се покажа дека помага во остварувањето на стратешката цел на регионот - неговата интеграција во ЕУ. “

-Зоран Заев

Самит за Југоисточна Европа – Предизвици и идни перспективи - 2019

„Договорот од Преспа е достоинствено и прифатливо решение за обете страни. Тој се заснова на компромис што гради пријателство. Компромис што е добар и за двете страни. Нашето достигнување ги охрабрува другите водачи во регионот да бидат посветени на одржување на мирот и стабилноста, да ја зголемат регионалната соработка, да го зајакнат економскиот развој и да бидат силно посветени на интеграцијата во ЕУ. Цел свет ни оддаде признание за решавањето на проблемите, и сега е време да им дадеме пример дека правиме чекор понатаму.“

-Зоран Заев

Самит на премиерите на државите од Вишеградската Група - 2019

„Земјите на Вишеградската Група отсекогаш биле силен и гласен поддржувач на државите на регионот на Западен Балкан во нивните процеси и заложби за интеграцијата во ЕУ, и подготвени да ги споделат своите искуства од евроинтеграциските процеси, но и да ја зголемат економската соработка со нашата земја и нашиот регион. “

-Зоран Заев

Самит на шефови на држави и влади на Централно европската иницијатива (ЦЕИ) во Рим - 2019

Во духот на солидарноста и регионалната соработка, членките на Централно европската иницијатива, многу од нив земји-членки на ЕУ, го поттикнуваат процесот на целосна интеграција на Западен Балкан во Европската Унија. Видливоста на овие напори по октомврискиот Европски совет е големо охрабрување и се надеваме дека овие напори ќе дадат резултати

-Зоран Заев

Светски економски форум – Давос - 2019

„Свесни сме дека целиот регион и двете земји се на вистинскиот пат да остварат добрососедски односи што ќе ги поддржат нашите евроатлантски перспективи и ќе придонесат кон стабилноста и економскиот просперитет на балканскиот регион. Мнозинството од граѓаните во двете земји сакаат да имаат блиски и пријателски односи кои придонесуваат кон зајакнување на меѓусебната соработка. Сакаме да застанеме рамо до рамо за да си помагаме и да се поддржуваме едни со други во тешки и предизвикувачки времиња. “

-Зоран Заев

Светски економски форум – Женева - 2019

„Нашата земја успешто го развива мултиетничкото општество преку концептот ‘Едно општество’ и ја обнови демократијата. “

-Зоран Заев

Состанок Брисел – ПЕС Состанок - 2019

Позитивната одлука за почеток на преговори значи поддршка и охрабрување на процесот на реформите дома, но и силна порака за другите во регонот дека тешките одлуки се вреднуваат и тие се влог во подобра иднина

-Зоран Заев

Состанок на лидерите на НАТО, Лондон - 2019

Безбедни, сигурни и стабилни учествуваме во сите глобални и демократски процеси кои светот го движат напред. Северна Македонија е 30-та земја членка на НАТО, тоа носи просперитет и сигурна иднина за сите наши граѓани, за сите наши деца.

-Зоран Заев

Средба – Тирана, Албанија - 2019

Остваруваме резултати од соработката за силни економии за секоја земја и за поинтегриран и меѓусебно поврзан регион на нашиот пат до ЕУ

-Зоран Заев

Средба со италијанскиот премиер Конте - 2019

„Европа е нашиот заеднички дом! “

-Џузепе Конте, премиер на Италија

Трилатерален состанок - 2019

„Да ги воведеме европските принципи на соработка и функционирање и четирите слободи на ЕУ за проток на производи, мобилност на луѓе, услуги и капитал. “

-Зоран Заев

Форум Европа – Вахау во Република Австрија - 2019

„Преку дијалог најдовме решение после 28 години. Создадовме модел за решение и притоа го зачувавме идентитетот на двете страни. “

-Зоран Заев

Церемонија – Подигнување на НАТО знаме - 2019

„Успеавме! Можеме сите да бидеме горди што го живееме новото време, ера на изградба на демократско општество на рамноправни граѓани кои стремат да ги освојат европските вредности. “

-Зоран Заев

Средба со потпретседателот на САД Мајк Пенс - 2018

„Поттикнати од успехот на договорот со Грција, го зајакнавме повикот до лидерите во регионот да се обединат за заедничките цели: одржлив мир, економски развој, регионална соработка и интеграција во ЕУ, како гаранции за стабилна превенција од инволвирање на трети страни во регионот. “

-Зоран Заев

Ангела Меркел во официјална посета на Скопје - 2018

„Посебна чест имам, за прв пат во историјата на пријателските односи меѓу двете земји, да посакам добредојде на еден германски канцелар во официјална посета на нашата држава. “

-Зоран Заев

Аудиенција кај Папата Франциск - 2018

Остварувањето на оваа наша заложба е можна само со постигнување целосна слобода на изразување на религијата во духот на мултиетничкиот, мултикултурниот и мултирелигиозен карактер на земјата, и со дијалогот и взаемното почитување на разликите

-Зоран Заев

Британската премиерка Тереза Меј во официјална посета - 2018

„Денешната посета на британската премиерка, Тереза Меј, прва после долго време од ваков карактер е круна на долгогодишното партнерство и пријателство помеѓу двете земји.“

-Зоран Заев

Ватикан - 2018

Со просветителската мисија за унапредување на сесловенската и христијанската цивилизација, Свети Кирил и неговиот брат Свети Методиј, ги задолжија денешната македонска држава, народот македонски, но и другите народи и држави на Балканот, да чуваат посебно и вековито место во своите истории и наследства.

-Зоран Заев

Дебата – Лисабон - 2018

„Работевме многу на овој договор со премиерот Ципрас и со нашите тимови. Секако огромна беше поддршката од нашите пријатели од ЕУ, НАТО и од останатите од меѓународната заедница. Од голема важност во постигнувањето на пријателската атмосфера за време на одржувањето на преговорите беше блискоста на нашите политички определби, социјал-демократските и социјалистичките политички концепти на колегата Ципрас, и моите.“

-Зоран Заев

Лондон – Инвестициски самит за Западен Балкан - 2018

„Олеснувањето на процедурите, подобрата координација, соработка и поврзување имаат за цел не само да ја зајакнат националната и регионалната трговија, туку да создадат работни места и да ја зајакнат економијата.“

-Зоран Заев

Мостар – манифестација Mostar Peace Connection - 2018

„Откако ја добив наградата за мир лани, не сум поголем борец за мирот од тоа што бев. Но во себе, на посебен начин ја чувствувам одговорноста што ми ја доверивте, што покажавте верба во мене, токму во овој Мостар: да продолжам, со уште поголем ентузијазам, и уште поголема верба дека вреди да градам мостови, да развивам и поттикнувам пријателства и низ тие мостови и тие пријателства, да создавам иднина. “

-Зоран Заев

НАТО Самит - 2018

„Граѓаните на Вашата земја треба да го прифатат денешниот како голем ден кој заслужува да биде славен, и дека оваа покана е резултат на исполнетите услови и НАТО стандарди, како и на историскиот договор за македонско-грчкиот прашање за името и за стратегиско партнерство.

-Јенс Столтенберг

Обраќање во Европски Парламент во Стразбур - 2018

Голема чест, и историски ден е можноста еден македонски премиер да се обрати пред Европскиот Парламент на својот мајчин јазик

-Зоран Заев

Официјална посета на Германија - 2018

„Желбата да им дадеме на светот и на Европа еден нов Балкан е силно поддржана од Сојузна Република Германија преку иницијативата „Берлински процес“. Оваа иницијатива е клучниот мотиватор за новата динамична регионална соработка на највисоко политичко ниво. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на канцеларката Меркел што го иницираше Берлинскиот процес и што Германија е еден од најсилните поддржувачи. “

-Зоран Заев

Официјална посета на Република Австрија - 2018

„Топлиот и пријателски пречек на делегацијата, пораките на поддршка што ни ги пренесовте на средбата и на работниот ручек, се доказ повеќе дека нашата земја во Австрија, има вистински, голем и искрен пријател, за што ви се заблагодарувам од име на граѓаните на мојата земја. “

-Зоран Заев

Официјална посета на Хрватска - 2018

„Ги поддржувам храбрите политики на премиерот Заев и Владата, што конечно отвораат пат кон заслужените ЕУ и НАТО интеграции и имаат целосна поддршка од Хрватска во овие процеси. “

-Андреј Пленковиќ

Посета на Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис. - 2018

„Оваа посета и пријателските разговори се потврда на силна взаемна поддршка на двете земји како стратешки партнери што споделуваат заеднички вредности.“

-Џејмс Матис

Посета на Генералниот секретар Јенс Столтенберг - 2018

Вратите на НАТО се отворени, но само граѓаните одлучуваат дали ќе поминат низ неа. Иднината е во ваши раце.

-Јенс Столтенберг

Посета на Доналд Туск - 2018

„Европските и атлантските перспективи на земјата и на регионот во целина, носат и квалитетен живот за граѓаните и за нашите држави. Тоа е перспективата на Европа обединета во вредностите како што се економскиот просперитет и стабилно и безбедно опкружување за сите нејзини граѓани. “

-Зоран Заев

Посета на Малта - 2018

Ќе ги зајакнуваме економските врски, Македонија има политичка и техничка поддршка на патот за ЕУ

-Зоран Заев

Посета на Јенс Столтенберг - 2018

„Граѓаните на нашата земја засекогаш ќе запаметат дека поканата за НАТО, како историска одлука за иднината на нашата земја и на нашите граѓани, ја потпиша лично тој, нашиот пријател Јенс Столтенберг на 12 јули оваа година во Брисел. Со овој голем гест, НАТО го поттикна и го забрза процесот на интеграцијата на нашата земја во НАТО, и со тоа го зајакна чувството за припадност на нашата земја кон најмоќната безбедносна организација во светот. “

-Зоран Заев

Посета на Турција - 2018

„Република Турција е голем пријател на нашата земја, ќе ја развиваме економската соработка за што има и услови и интерес од двете страни. “

-Зоран Заев

Потпишување Преспански договор - 2018

„Денес ставаме крај на еден спор. Ставаме крај на повеќегодишните разлики што издигнаа ѕид кој ги отежнуваше пријателски односи меѓу соседите. Прашањето беше отворено три децении. Тоа беа три децении неизвесност за нашата иднина. Тоа беа три децении сериозни грижи за несакани последици. Овој свечен чин е кулминација на сите наши напори. Ова е израз на нашата посветеност да најдеме решение кое е во интерес на иднината и на граѓаните на нашите две земји. “

-Зоран Заев

Прва официјална посета на премиерот на Малта, Џозеф Мускат - 2018

„Оваа посета е силен знак дека двете земји ги одржуваат и постојано ги унапредуваат позитивните и конструктивни билатерални односи. “

-Зоран Заев

Работна посета на Брисел - 2018

Ние се определивме за иднина, со повеќе надеж, благосостојба и просперитет за сите граѓани. Имаме историско, вековно решение. Решение со кое го јакнеме идентитетот македонски!

-Зоран Заев

Самит на ЕУ за Западен Балкан - 2018

„Нашата земја со активностите на прогресивните политички сили направи квантен скок и се врати на патот на демократските процеси за реформи во земјата и за интензивирање на евро-атлантската агенда. “

-Зоран Заев

Самитот ЕУ-Западен Балкан (Берлински процес) во Лондон - 2018

„Со постигнатиот договор македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство со Грција, нашата земја е препознаена како лидер во регионот од аспект на надворешната политика. “

-Зоран Заев

Сараево – Наградата Европска личност на годината - 2018

„Никогаш повеќе Балканот нема да биде буре барут, Балканот ќе биде европски. "

-Зоран Заев

Светски економски форум во Давос, Швајцарија - 2018

„Мнозинството од граѓаните во нашите двете земји сакаат да имаат блиски и пријателски односи кои придонесуваат кон зајакнување на меѓусебната соработка. Сакаме да застанеме рамо до рамо за да си помагаме и да се поддржуваме едни со други во тешки и предизвикувачки времиња. “

-Зоран Заев

Себастијан Курц во официјална посета на Скопје - 2018

„Вашата посета ни ја упатува пораката дека нашата земја се врати на вистинскиот пат, на европскиот пат. Презедовме лидерство, покажавме храброст, остваривме напредок во реформите и светот ја виде позитивната промена. Го препознаа обновеното чувство на оптимизам, отвореност, енергија, и надеж кои ги споделуваат нашите граѓани. “

-Зоран Заев

Официјална посета на Република Албанија - 2018

„Република Албанија е еден од нашите најблиски пријатели но и партнери, со којшто, убеден сум, дека можеме, а и во таа насока работиме, да осигураме просперитет и безбедност, но и европски перспективи на нашите земји, но и на регионот. “

-Зоран Заев

Посета на Жан Клод Јункер - 2018

Со стратегијата Еворпската Комисија ја потврдува Европската иднина на Република Македонија како географски дел од Европа кој ќе стане дел од политичката структура на Европската Унија

-Зоран Заев

72 Генерално Собрание на ОН, Њујорк - 2017

„Уверен сум дека ја имаме истата цел: Мир во светот. Уверен сум дека ги делиме истите заложби: Пристоен живот за сите во одржлива животна средина. Уверен сум дека на заедничките предизвици ќе одговориме со заеднички решенија.“

-Зоран Заев

Посета на Република Албанија - 2017

„Се работи за две држави - европски ориентирани, што се подготвени да ги негуваат малцинските права.“

-Зоран Заев

Средби во САД - 2017

ОН е место за кратки средби и разговори со многу наши пријатели од целиот свет

-Зоран Заев

Средба со албанскиот претседател Илир Мета - 2017

Градиме едно општество за сите. Се заложивме да не ги делиме граѓаните, сите да имаат исти права и исти обврски и сите делови од нашата држава да се развиваат еднакво

-Зоран Заев

Официјална посета на Република Србија - 2017

„Пријателските односи меѓу двете земји се богатство и потенцијал за продлабочување на соработката и во многу други области.“

-Зоран Заев

Средба со премиерот на Холандија, Марк Руте - 2017

„Ги поздравуваме чекорите што ги презема државата кон градење добрососедски односи и регионална соработка. “

-Марк Руте, премиер на Кралството Холандија

Работна посета во Брисел - 2017

„Првата средба со премиерот Заев е само почеток на едно долго и искрено пријателство.“

-Жан Клод Јункер, претседател на Европската комисија

Официјална посета на Република Словенија - 2017

„Охрабрувањата што нашата земја ги доби за време на оваа посета, се знак дека е избранвистинскиот пат и начин за решавање на суштинските прашања од интерес на граѓаните.“

-Зоран Заев

Официјална посета на премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ - 2017

„Нашите две пријателски држави немаат отворени политички прашања и тоа е одлична база за вистинско интензивирање на соработката на сите нивоа, во интерес на граѓаните на двете земји.“

-Зоран Заев

Работна средба во Босна и Херцеговина - 2017

„Премиерот Заев донесе во Западен Балкан нова позитивна енергија. “

-Денис Звиздиќ, претседавач со Советот на министри на БиХ

Настап на Универзитетот Колумбија во Њујорк - 2017

„Ние научивме многу о дполитичката криза, од која што излеговме помудри, дека само заедно, со вклучување на сите во општеството, секој да биде дел од решението и со трпение, може да се постигне посакуваната цел.“

-Зоран Заев

На маргини на Виенскиот економски форум - 2017

„Нашата земја останува посветен и кредибилен партнер на ЕУ во справувањето со предизвиците што ги отвори мигрантската криза.“

-Зоран Заев

Меѓународната економска конференција во Будва, Црна - 2017

„Преку разме на искуствата, мобилност, квалификувана работна сила, политичката клима на соработка, соработката на коморите, искоренувањето на корупцијата праќаме силен сигнал декаовој регион може да биде атрактивно место за инвестирање.“

-Зоран Заев

Меѓународна конференција World Bank - 2017

„Олеснувањето на протокот на стока и патници ќе биде сериозно олеснување за граѓаните и за бизнисот. ИТ поврзувањето на граничните премини ќе значи модернизација и можност нашите граѓани да се почувствуваат еднакви со граѓаните од Европа“

-Зоран Заев

Економски форум во Виена „Дијалог за иднината 2017“ - 2017

„Мала економија како нашата потребно е да биде успешно интегрирана во регионалните и светските економски текови.“

-Зоран Заев

Ден на Обединетите нации - 2017

„Заедно со сите други земји посветени сме на имплементацијатана Целите зао држлив развој.Затоа не постои законска обврска.Посто ицивилизациска, хуманистичка и човечка обврска, која е многу посилна од законската“

-Зоран Заев