ЗАЕВ Социјално-хуманитарна програма

Во рамки на „ЗАЕВ Социјално-хуманитарна програма“ преку вршење на дејности и хуманитарни активности за поддржување на заедницата преку помош (материјална и нематеријална) на ранливи категории на граѓани и подобрување на животот на ранливото население во заедницата, предвидена е реализација на:

  • Одбележување на Светскиот ден на социјалната правда, 20 Февруари (World Day of Social Justice, 20 February), прогласен од Генералното собрание на Обединетите нации како ден посветен на борбата против сиромаштијата, невработеноста и еднаквоста. Имајќи предвид дека целта на одбележувањето на овој ден е промовирање на солидарноста, еднаквоста и рамноправноста, ќе биде реализирано мапирање на територијата на општина Струмица, кое би опфатило различни целни групи на семејства и индивидуалци (млади и возрасни). Целта на мапирањето е да се направи објективна анализа преку сумирање на резултатите од целните групи во поглед на возраст, пол, професија (дали станува збор за испитаници кои вработени, но со многу ниски примања; дали станува збор за испитаници кои се невработени, но се активни баратели на работаили пак истите воопшто не се вклучени на пазарот на труд ниту како вработени, ниту како активни баратели на работа) и работно искуство (дали испитаниците имаат квалификации да бидат вклучени на пазарот на труд ако станува збор за невработени испитаници). По завршувањето на ова мапирање, во рамки на „ЗАЕВ Социјално-хуманитарна програма“, крајна цел ќе биде изработка на Социјално-инклузивна мапа која ќе биде патоказ (roadmap)со преземените конкретни активности (како на пример:помош при професионална квалификација на испитаниците од целните групи, помош преку препорака за работно место на испитаниците од целните групи, советодавна помош на испитаниците од целните групи). Претходно наведените активности треба да резултираат коннамалување на сиромаштијата кај целните групипреку нивна социјална инклузија во општествените процеси, со фокус насочен кон градење поправедно и вистинско хумано општество.

  • Одбележување на Светскиот ден на хуманитарноста, 19 Август (World Humanitarian Day, 19 August), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, кој се совпаѓа со годишнината од бомбардирањето на седиштето на Обединетитенацииво Багдад, 2003 година. Одбележувањето на овој ден ќе биде во чест на сите хуманитарни работници кои ги изгубиле своите животи за хуманитарни цели, но, исто така, има за цел да ја зголеми желбата кај јавноста за потпомагање на хуманитарни активности. Оттаму, истиот ќе биде одбележан со низа активности во форма на донации со хуманитарна помош во облека, вода, храна и средства за лична хигиена, како солидарна помош за населението во Украина. Во претходно наведениот контекст ќе биде одбележан и Меѓународниот ден на милосрдието, 5 Септември (International Day of Charity, 5 September), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, како признание за огромните хумани дела на најпознатата мисионерка во светот и добитничка на Нобеловата награда за мир, Мајка Тереза, како ден на годишнината од нејзината смрт.

  • Одбележување на Светскиот ден на детето, 20 Ноември (World Children's Day, 20 November), како ден кога Генералното собрание на Обединетите нации ги усвои Конвенцијата за правата на децата и Декларацијата за правата на детето. Покрај останатите активности, оваа програма ќе има за цел посветено да работи на унапредување на условите за раст и развој на децата, со оглед на фактот дека првите години од животот на секое дете се клучни во градењето на личноста. Користејќи инклузивен пристап во кој и децата од ранливите категории ќе бидат опфатени, една од првите активности во оваа програма ќе биде пуштање во употреба на игралишта наменети за децата во селото Рич, кое се наоѓа во околината на градот Струмица, во југоисточниот дел на Република Северна Македонија.

  • Одбележување на Меѓународниот ден на волонтерството, 5 Декември (International Volunteer Day, 5 December), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации со цел да се подигне свеста за непроценливото влијание кое активностите на волонтерите го имаат врз заедницата и општеството. Овој ден ќе биде одбележан со работна акција која ќе вклучува помош во домовите (материјална и/или нематеријална) на ранливи категории на граѓани, во која работна акција секој што ќе има можност и желба, ќе може да се придружи и да биде волонтер. Оваа работна акција има за цел подигање на свеста за давање свој доброволен придонес во подобрување на општеството, инспирирано единствено од слободната волја, а не од желбата за материјална или финансиска добивка. Во претходно наведениот контекст ќе биде одбележан и Меѓународниот ден на човечката солидарност, 20 Декември (International Human Solidarity Day, 20 December), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, кое ја идентификуваше солидарноста како една од основните и универзални вредности врз кои треба да се засноваат односите меѓу луѓето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.