ЗАЕВ Хакатон

Во рамки на ЗАЕВ Хакатон кој има за цел да поттикне млади, креативни и иновативни луѓе да изработат предлог иновативни софтверски и мултимедијални решенија центрирани околу одредена актуелна тема, предвидена е реализација на:

  • Одбележување на Светскиот ден на креативноста и иновативноста, 21 Април (World Creativity and Innovation Day, 21 April), поддржувајќи ги „Глобалните цели за одржлив развој наОбединетитенациипреку организирање на хакатон, како ден кој ќе биде стимулација на креативноста во решавањето на проблемите поврзани со постигнувањето на целите за одржлив развој. Истиот ќе им овозможи на учесниците да создадатпредлог-решенија и концепти за краток период,а времетраењетои видот на хакатонот дополнително ќе бидат дефинирани. Организацијата на хакатонот ќе има за цел да ги поттикне и мотивира младите да размислуваат во насока на развивање на иновативни софтверски и мултимедијални решенија. Тематиката која дополнително ќе биде определена, покрај креативноста ќе поттикне и претприемничко размислување кај младите.Предлог-решенијата и концепти треба да бидат наменети за решавање на специфичен проблем со кој се соочува група на граѓани, со предлог стратегија за имплементација и промоција на истата. Во рамки на ЗАЕВ Хакатонќе бидат одбележани и:

  • Меѓународниот ден на девојките и жените во науката, 11 Февруари (International Day of Women and Girls in Science, 11 February), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации,а кој ќе биде одбележан преку развивање иновативни софтверски и мултимедијални предлог-решенија и концепти, на кој ученици ќе бидат девојки и жени. Овој хакатон ќе биде реализиран со цел да се зголеми интересот на девојките и жените кон вклученост во науката, имајќи предвид дека жените се сè поприсутни во науката, но тој напредок и нивна вклученост не се доволни.

  • Светскиот ден на бегалците, 20 Јуни (World Refugee Day, 20 June), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нациикако ден посветен на бегалците кои биле принудени да ги напуштат своите домови, пред сè, поради воени судири, насилство и прогон. Овој хакатон ќе биде реализиран во насока на развивање иновативни софтверски и мултимедијални предлог-решенија и концепти за справување со приливот на бегалци. Овие предлог-решенија и концепти треба да помогнат на справување со егзодусот во Украина, имајќи предвид дека истиот може да стане најголемата бегалска криза на векот.

  • Светскиот ден на вештини на младите, 15 Јули (World Youth Skills Day, 15 July), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нациикако ден посветен на младите, ќе биде одбележан преку организација на хакатон со развивање иновативни софтверски и мултимедијални предлог-решенија и концепти за успешен професионален развој на младите. Овој хакатон треба да резултира со предлог-решение или концепт за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на современиот пазар на труд, а кои треба да бидат алатка за конкурентност на младите на истиот.