ЗАЕВ деловно-технолошки акцелератор

Во рамки на ЗАЕВ деловно-технолошки акцелераторза поддршка на старт-ап, мали и средни компании преку развој на методи за тестирање на ефективноста на бизнис моделот, евалуација на применетата технологија, долгорочна одржливост на предвидената иновација и идентификување на пазарниот потенцијал во деловната практика, предвидена е реализација на:

  • Одбележување на Денот на микро, мали и средни претпријатија, 28 Јуни (Micro-, Small and Medium-sized Enterprises Day, 27 June), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, кое ќе биде насочено кон намената за поддршка на иновации применливи во микро, мали и средни компании. Целта на оваа поддршка е да им се олесни патот на компаниите кои имаат потенцијал да реализираат иновативни бизнис идеи. Поддршката преку овој јавен повик ќе биде наменета за проекти кои имаат одржлив концепт и јасна амбиција за комерцијализација.

  • Формирање на ЗАЕВ Деловно-технолошки акцелераторсо фокус на поддршка на мотивирани млади луѓе, кои ќе демонстрираат надминување на сите постоечки и потенцијални предизвици и ќе успеат да создадат услови и околности за развивање на бизнисите во нашата земја. Овој деловно-технолошки акцелератор е предвидено да прерасне во главен стимулаторкој ги мотивира учесницитеинтернационално да се поврзуваат и да освојуваат нови пазари, со пласирање на своите иновации и одржливи идеи. Во истиот ќе бидат опфатени и решенија кои ќе произлегуваат од социјалните иновации како придонес за праведно општество, кои треба да го опфаќаат и позитивно да се одразуваат на целото општество, не само на поединци.

  • Одбележување на Светскиот ден за корпоративна општествена одговорност, 18 Февруари (World Corporate Social Responsibility (CSR) Day, 18 February)соцел зголемување на бројот на компаниитекои со своето транспарентно и етичко однесување ќе придонесуваат и понатаму за заштита на животната и општествената средина, одржлив развој и просперитет во заедницата во која живеат и работат. Активностите ќе бидат во насока на стимулирање корпоративна култура и иновативниот пристап во управувањето, кој вклучува волонтерски пристап и служење на заедниците. Истите треба да поттикнат промени во деловната заедница, имајќи предвид дека со вложувањето во општествената одговорност компаниите вложуваат во својата конкурентност, најмногу поради тоа што овие практики станаа предуслов за работа и извоз на странски пазари (особено на пазарот на Европската Унија). Претходно наведените активности треба да резултираат со зголемување на бројот на компаниитекои со своето транспарентно и етичко однесување ќе придонесуваат и понатаму за заштита на животната и општествената средина, за одржлив развој и просперитет во заедницата во која живеат и работат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.