ЗАЕВ Академија за млади лидери од Западен Балкан

Во рамки на ЗАЕВ Академија за млади лидери од Западен Балкан е предвидено учесниците да можат да работат индивидуално и во групи со истакнати поединци – нивни врсници од општествениот и политичкиот живот, стекнувајќи комуникациски и лидерски вештини, унапредувајќи го својот професионален раст и развој. Точниот број на ученици, потребните професионални квалификации и компетенции, процесот на аплицирање, процесот на селекција (електронска апликација, писмено интервју и усно интервју), точната програма со предавања и интерактивни работилници, семинари и студиски посети дополнително ќе биде дефинирана. Реализацијата на оваа Академија предвидува истата да биде составена од 2 (два) модули (зимски и летен), чиј почеток е избран да биде со одбележување на 2 (два) меѓународно значајни денови и тоа:

  1. Зимски модул кој ќе започне со одбележување на Меѓународниот ден на образованието, 24 Јануари (International Day of Education, 24 January), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, кој ќе биде реализиран преку поттикнување на креативното размислување кај младите користејќи анализа на истражувачки проекти базирани на научни методи. Преку оваа активност, младите ќе бидат едуцирани како да употребуваат научни методи преку формулација, тестирање и потврда на хипотеза, а резултатите од истражувачкиот проект да бидат применливи. Истата ќе претставува активност со интердисциплинарен карактер, кој предвидува инклузивен пристап во формирањето на тимовите кои ќе бидат учесници на ЗАЕВ Академија за млади лидери од Западен Балкан.

  1. Летен модул кој ќе започне со одбележување на Меѓународниот ден на младите, 12 Авуст (International Youth Day, 12 August), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, преку реализирање низа активности. Претходно наведените активности ќе бидат со цел мотивација на младите поактивно да се вклучат во сите области од општествениот живот и да се охрабрат при носење одлуки од животно значење. Активности, кои младите треба да ги преземат за својата иднината, со што би обезбедиле подобра позиционираност во општеството.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.