ЗАЕВ Академија за јавни политики

Во рамки на ЗАЕВ Академија за јавни политики, целта ќе биде континуирана едукација и унапредување на вештините на учесниците преку разработка на темите демократија, одржлив развој и евроинтеграции, притоа разбирајќи го процесот на креирање јавни политики. Точниот број на ученици, потребните професионални квалификации и компетенции, процесот на аплицирање, процесот на селекција (електронска апликација, писмено интервју и усно интервју), точната програма со предавања и интерактивни работилници, семинари и посети дополнително ќе биде дефинирана. Реализацијата на оваа Академија предвидува истата да биде составена од 2 (два) модули, во кои ќе има одбележување на 2 (два) меѓународно значајни денови, и тоа:

21 Мај - Светски ден на културната разноличност за дијалог и развој

Вториот модул на оваа Академија, во кој покрај останатите активности ќе биде одбележани Светскиот ден на културната разноличност за дијалог и развој, 21 Мај (World Day for Cultural Diversity for Dialogue and Development, 21 May), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации со цел градење на интеркултурен дијалог. Активностите ќе бидат насочени кон креирање јавни политики со почит кон социјалните, етничките, националните, верските и културните разлики како посебност. Меѓу претходно наведените активности ќе биде и отварање на локална галерија (во подземниот плоштад на територијата на општина Струмица), која ќе им помогне на идните генерации да се поврзат со историјата и делата од минатото, а истовремено да градат интеркултурно општество. Оваа галерија ќе има за цел да го промовира диверзитетот на културното богатство, како најдобрата гаранција за мирен и праведен свет на културна разноличност.

15 Септември - Меѓународен ден на демократијата

Првиот модул на оваа Академија ќе биде со одбележување на Меѓународниот ден на демократијата, 15 Септември (International Day of Democracy, 15 September), прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации со цел изградба на општество со инклузивно демократско владеење, со почитување на човековите права и владеење на правото. Во одбележувањето ќе бидат организирани активности за постигнување социјална правда, поттикнување економски и социјален развој на заедницата и кохезија на општеството.

Skip to content