Фондацијата е слободна во промовирањето на ставовите и мислењата за прашањата од нејзин интерес и може да поведува иницијативи и да учествува во градењето на јавното мислење и креирање на јавните политики.

ЗАЕВ ФОНДАЦИЈА е невладина, непартиска и непрофитна фондација од добротворен и хуманитарен карактер и дејност, која се основа заради остварување на образовни, социјални, научни и хуманитарни интереси преку вршење на дејности и активности за унапредување, поддршка и развој на граѓанското општество, деловната заедница, културата, спортот, уметноста, јавното здравје, едукацијата на млади во различни области и заштита на животната средина, во согласност со Уставот и законите.

Зоран Заев

ДИРЕКТОР И ОСНОВАЧ

Вице Заев

ОСНОВАЧ

Биографија на Зоран Заев

Зоран Заев е поранешен премиер на Република Северна Македонија кој беше ангажиран на таа позиција од јуни 2017 до јануари 2020 година и подоцна од август 2020 до јануари 2022 година.

Зоран Заев е искусен политичар посветен на градење подобра иднина за Северна Македонија и Западен Балкан како дел од ЕУ. Тој е страсен поборник на концептот „Едно општество за сите“, за просперитет преку дијалог, компромис, мир и меѓусебно почитување.

По неговиот избор за премиер на Република Македонија во 2017 година, тој енергично работеше на подобрување на имиџот на земјата на меѓународната сцена. Како резултат на тоа, во јули 2018 година, на Самитот на НАТО во Брисел, Република Северна Македонија ја доби поканата за почеток на пристапните преговори за членство во НАТО и на 27 март 2020 година Северна Македонија стана дел од НАТО семејството на триесет нации и скоро една милијарда луѓе. Покрај тоа, Заев е силен поддржувач на аспирациите на земјата за евроатлантска интеграција, со фокус на добрососедската политика, враќајќи ја довербата на стратешките партнери од ЕУ и САД.

Откако стана премиер, Заев го потпиша Договорот за стратешко партнерство, пријателство и добрососедство со Бугарија, а во јуни 2018 година, новата Влада, предводена од Заев, го потпиша Договорот од Преспа со Грција за решавање на прашањето за името, со што се создава нова позитивна динамика за регионот. Заев, заедно со премиерот Ципрас од Грција, е добитник на наградите Евалд Фон Клеист, Меѓународниот мир на Вестфалија за 2020 година, Хесијанската награда за мир 2020 и Наградата за развој на Европа за најдобра практика во промовирање на соработка, единство, вклучување разновидност и позитивно размислување. Двајцата лидери беа номинирани и за Нобеловата награда за мир во 2019 година. Неодамна, Заев ја доби наградата за човекови права за 2020 година на Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) во Берлин.

Од 2003 до 2005 година, тој беше член на македонскиот Парламент, по што се кандидираше за градоначалник на Струмица, позиција што ја извршуваше три последователни мандати, од 2005 до 2016 година. Во 2008 и 2009 година градот ја освои највисоката национална награда за животна средина, додека како градоначалник, Заев ја доби наградата за најдобра практика од Советот на Европа за првото јавно приватно партнерство во земјата. Тој беше избран за лидер на владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) од 2013 година и на таа позиција беше до декември 2021 година, а беше и заменикпретседател на партијата помеѓу 2006 и 2013 година. Заев е член на СДСМ од 1996 година.

Зоран Заев е дипломиран економист. Оженет и татко на две деца.

Ги правиме вистинските работи во вистинско време.

15

ПРОЕКТИ

100

ВОЛОНТЕРИ

47

ДЕЦА

10

ДРЖАВИ

Визија: Северна Македонија - каде што луѓето избираат да живеат!

Ние замислуваме земја во која луѓето избираат да градат живот, луѓето се преселуваат да создаваат домови затоа што сакаат, а не затоа што мораат.

Мисија: Креирање едно општество за сите

Ќе работиме кон нашите цели и ќе ги вклучиме и подобриме животите на луѓето од различно потекло, различни политички ставови, религија и националност. Поттикнување на луѓето со посебни потреби и инвалидитет да бидат храбри и вклучени.

Цели

Помагање за подобрување на животот во секој сегмент од нашето општество: здравство, образование, животна средина, спорт и култура.

Вредности

Транспарентност, сочувство и поврзаност - Да се има искрена комуникација, да се нуди помош и да се биде поврзан со различни сегменти од општеството, да се зближат сите, под исти цели, мисија и визија